3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бен Валас е убеден дека најавата на Путин за мобилизација е признание дека неговата инвазија пропаѓа!

Претседателот на Русија, Владимир Путин во своето обраќање до нацијата најави делумна мобилизација, која ќе започне денеска. Тој најави и дека Русија ќе биде подготвена да го заштити својот територијален интегритет и дека тоа не е блеф.

Се огласи британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој коментираше дека најавата на Путин за мобилизација е признание на рускиот претседател дека неговата инвазија пропаѓа.

„Тој и неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу испратија десетици илјади свои граѓани во смрт, слабо опремени и лошо водени“ – рече британскиот министер и додаде: „Никакви закани и пропаганда не можат да го сокријат фактот дека Украина победува во оваа војна“.

На тема мобилизација говореше и Бриџит Бринк, американската амбасадорка во Украина, која оцени дека најавените референдуми во четири украински региони и делумната мобилизација во Русија се знаци на слабост и неуспех на Русија и рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

„Лажните референдуми и мобилизацијата се знаци на слабост и руски неуспех“ – напиша Бринк на Твитер.

Таа нагласи дека САД „никогаш нема да го признаат барањето на Русија за анектираната украинска територија“.

„И ние ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина се додека е потребно“ – рече Бринк.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Шојгу: Досега повеќе од 200.000 луѓе се мобилизирани во руските вооружени сили

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T