17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин по средбата со Си Џинпинг: Ја цениме балансираната позиција на Кина за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му пренесе на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Москва ја поддржува политиката на „една Кина“ и го цени балансираниот став на Пекинг кон Украина.

За време на состанокот со Џинпинг на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан, Путин рече дека Русија се противи на „американските провокации“ во Тајванскиот теснец.

Тој додал дека обидите за создавање „униполарен свет“ се неприфатливи за повеќето земји.

„Обидите да се создаде униполарен свет имаа апсолутно грди форми. Тие се апсолутно неприфатливи за огромното мнозинство земји во светот“, рекол Путин.

Путин истакнал дека Русија ги осудува „провокациите на САД и нивните сателити“ во Тајванскиот теснец и цврсто се придржува до принципот „една Кина“.

Ова е прва средба меѓу Путин и Џинпинг откако Русија започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари оваа година, пишува медиумот.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T