3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Професор од Киев: Путин сега има две можности за да ја спаси својата глава

Професорот од Институтот за меѓународни односи Максим Каменечки коментирајќи ја ситуацијата во Украина за локалните медиуми изјавил:

„Во Киев владее внимателен оптимизам поради сите овие случувања на линијата на фронтот. Иако во една област сме во контраофанзива и тоа беше успех, сега околу 6% од регионот Харков е под руска контрола, но има уште многу да се ослободи“, кажал професорот.

„Руската армија не беше подготвена за фактот дека Украина може одеднаш да постигне таков концентриран потег на ослободување. Во Русија, во армијата и кај Русите кои ја следат ситуацијата, има недоразбирање, паника во некои групи, не знаат што ќе биде понатаму. Тоа во никој случај не е во прилог на авторитетот на Путин“, истакнал Каменечки.

Тој коментирал и како украинската контраофанзива влијаела на рускиот претседател Владимир Путин и кој би можел да биде следниот потег.

„Мислам дека Путин е таков човек кој барем јавно нема да ги признае своите грешки. Мислам дека сега има две опции да ја спаси сопствената глава. Првата опција е попуштање, некаква верзија на повлекување или смирување на ситуацијата, а втората опција е интензивирање на ударите, заострување на ситуацијата на терен. Колку што ја знаеме психологијата на Путин, тој е поддржувач на оваа втора ситуација“, објаснува Каменечки.

Тој навел дека рускиот лидер има проблеми со олигарсите и тајкуните кои нема да му ги простат загубите. Посочил дека има проблеми и во армијата бидејќи има луѓе кои се незадоволни од кадровските решенија на Путин. „Времињата се тешки за Путин и фактот дека тој не се откажува покажува дека тој нема добра врска со реалноста“, додал тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T