20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТНАУКА

Експлодирале моторите на ракетата на Безос, по полетувањето таа неочекувано паднала на земја

Товарната капсула на компанијата на Безос „Блу Ориџин“, која требаше да ја достигне границата на земјината атмосфера, неочекувано се одвои од ракетата веднаш по полетувањето од Тексас, пренесоа агенциите.

Ракетата се урна на Земјата веднаш по полетувањето но капсулата што ги носеше експериментите успеа со падобран да слета на безбедно.

Во капсулата која се наоѓала на врвот на суборбиталната ракета „Њу Шепард“ немало патници.

Една минута по полетувањето, на околу осум километри над земјата, се виде дека моторите се запалиле и дека моторниот систем на капсулата бил активиран, што го оттурнало леталото од ракетата пред да се врати на земја неоштетено со падобран.

„Блу Ориџин“ на Твитер објави дека го разгледуваат проблемот што се случил во нивниот објект во Западен Тексас, велејќи дека системот за одвојување на капсулите „функционирал онака како што се очекувало“.

Станува збор за 23. лет во суборбиталниот простор на ракетата „Њу Шепард“ во сопственост на вселенската компанија „Блу Ориџин“, која ја основа милијардерот и сопственик на „Амазон“ Безос.

Ракетата „Њу Шепард“ е дизајнирана како вселенско летало за повеќекратна употреба, а нејзината главна цел е суборбитален вселенски туризам.

Можеби ќе ве интересира

Новата ракета на НАСА се подготвува за првото лансирање, ќе орбитира околу Месечината

M T

Русија лансира интерконтинентална балистичка ракета

M T

Северна Кореја потврди дека тестирала ракета со среден дострел

M T

Северна Кореја тестира нова хиперсонична ракета

M T

Балонот со патници ќе тргне во вселената во 2024 година

M T

Полицијата ќе има право да одзема нерегистрирани коли вклучени во сообраќај

CENTAR MKD