3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија лансира интерконтинентална балистичка ракета

Руското Министерство за одбрана го објави успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ на космодромот „Плесецк“.

„Задачите за лансирање се завршени. Дизајнерските карактеристики беа потврдени во сите фази од неговиот лет. Бојните глави за обука пристигнаа во одредена област на полигонот Кура на полуостровот Камчатка“, соопшти агенцијата РИА.

Рускиот претседател Владимир Путин го опиша лансирањето како успешно.

„Новиот проектил има највисоки тактичко-технички карактеристики и е способен да ги надмине сите модерни системи за противракетна одбрана. Слични во светот нема и нема да има уште долго време“, рече Путин.

Руското Министерство за одбрана појасни дека ова е прво лансирање во државната програма за тестирање и дека овозможило да се потврдат исправноста на дизајнот и техничките карактеристики на ракетата.

Очекувано, по тестирањето, „Сармат“ ќе влезе во служба на стратешки ракетни сили.

„Сармат“ е стратешки ракетен систем со течно гориво, а тежината на една таква ракета надминува 200 тони.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T