15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кејт и Вилијам ги сменија титулите на социјалните мрежи по смртта на кралицата

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги сменија нивните официјални титули на социјалните мрежи од војвода и војвотка од Кембриџ во војвода и војвотка од Корнвол и Кембриџ.

Војводата од Корнвол традиционално е најстариот син на владејачкиот британски монарх, а неговата сопруга ја носи титулата војвотка.

Се очекува двојката да ги наследи и титулите принц и принцеза од Велс. Кралот Чарлс Трети, кој ја носеше титулата Принц од Велс до смртта на кралицата во четвртокот, исто така претходно ги имаше титулите војвода од Корнвол и војвода од Ротези, кои се користеа во Шкотска.

Титулата принц од Велс обично се доделува на машкиот наследник. Едвард Седми ја држел титулата поголемиот дел од својот живот пред да се качи на тронот, и абдицирал по неколку месеци. Сепак, титулата принц од Велс нема веднаш да му помине на Вилијам по смртта на неговата баба: таа мора да му биде дадена од суверен владетел.

Самиот крал Чарлс ја добил титулата принц од Велс на деветгодишна возраст од неговата мајка. Во замокот Кернарвон во 1969 година, кралицата Елизабета официјално го круниса Чарлс како принц од Велс.

Покојната мајка на принцот Вилијам, принцезата Дијана, претходно ја носеше титулата принцеза од Велс, откако се омажи за сегашниот крал Чарлс во 1981 година. Сопругата на кралот Камила, претходно војвотката од Корнвол, сега ќе ја преземе улогата на кралица сопруга.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Саудијка осудена на 45 години затвор поради користење социјални мрежи

M T

Кремељ: Путин нема профили на социјалните мрежи

M T

Момче натепа девојка во Куманово

M T

Властите на Куба забранија пристап до социјалните мрежи

M T

Научниците истражуваат: Дали социјалните мрежи се закана за човечката цивилизација?

M T

Заев за реакциите на социјалните мрежи: Сите ги разбирам, но историското минато не треба да не ограничува во европската иднина

CENTAR MKD