17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Јужна Кореја ја зафати најсилниот тајфун во последните години: Има загинати и исчезнати

Во налетот на тајфунот Хинамнор во Јужна Кореја, едно лице загина, а илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови, соопштија денеска локалните власти.

Тајфунот Хинамнор удри во островот Џеџу и падна на копно во близина на пристанишниот град Бусан, пред да го погоди морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија.

Невремето во неделата донесе големи количини дожд во центарот на Џеџу, каде ветровите достигнаа брзина и до 155 км/ч.

Една жена на 70-годишна возраст почина во јужниот град Поханг откако беше однесена од поројни поплави, додека други две се водат како исчезнати, вклучително и 25-годишен маж кој паднал во поток надојден од дождот во блискиот град Улсан.

Силниот дожд и ветерот ги оштетија патиштата, а околу 2.900 луѓе сè уште се евакуирани, главно во јужните региони, додека повеќе од 66.000 домови се без струја, но 45 отсто од услугите се обновени.

Официјалните лица предупредија на поплави, лизгање на земјиштето и плимни бранови што може да ги предизвика Хинамнор, најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T

Тајфунот Хинамнор се приближува до Јужна Кореја, нивото на тревога е зголемено до максимум

M T

Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите воени вежби од 2017 година

M T

Во пожар во Јужна Кореја загинаа седум лица, а 46 се повредени

M T

Јужна Кореја, САД и Јапонија: Она што го направи Северна Кореја е сериозна провокација

M T