6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајфунот Хинамнор се приближува до Јужна Кореја, нивото на тревога е зголемено до максимум

Тајфунот Хинамнор денеска се приближи до Јужна Кореја, поради што во таа азиска земја беа откажани бројни летови, затворени се училиштата, како и некои компании, додека Сеул го подигна нивото на тревога до максимум.

Силен дожд и силен ветер го зафатија јужниот дел на земјата, а тајфунот се пресели на север со брзина од 24 километри на час.

Се очекува Хинамнор да пристигне во југозападниот град Бусан во раните утрински часови во вторник, откако прво ќе го помине островот Џеџу.

Претседателот Јун Сук-Јол денеска изјави дека ќе биде во состојба на готовност откако ќе им нареди на властите да ја минимизираат штетата од тајфунот, кој беше класифициран како „многу силен“.

„До вторник се очекуваат силни ветрови и обилни врнежи низ земјата, а големи бранови ќе има и во крајбрежниот дел од земјата. Се очекуваат бури и цунами“, соопшти јужнокорејската метеоролошка служба (КМА).

Според прогнозата на КМА, Хинамнор се упатил североисточно кон јапонскиот град Сапоро, на островот Хокаидо.

Поради наближувањето на тајфунот, јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ ќе ги откаже ноќните смени во три фабрики во западна Јапонија.

Прекинати се вечерашните смени од 21 часот по локално време, како и утрешните утрински смени во три фабрики во западната префектура Фукуока.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T

Јужна Кореја ја зафати најсилниот тајфун во последните години: Има загинати и исчезнати

M T

Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите воени вежби од 2017 година

M T

Во пожар во Јужна Кореја загинаа седум лица, а 46 се повредени

M T

Јужна Кореја, САД и Јапонија: Она што го направи Северна Кореја е сериозна провокација

M T