20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше нападната со пиштол, но напаѓачот не пукал во неа и набрзо е уапсен. Неколку телевизиски канали прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Кирхнер додека таа излегуваше од автомобилот што ја донесе дома. Напаѓачот не испука од пиштолот, а Киршнер остана неповредена.

Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупцијa.

Мажот беше во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.

Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје“. Тој исто така рече дека мажот би можел да има бразилско потекло.

Стотици активисти од минатата недела се собираат пред куќата на Кристина Киршнер (69), која е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз (на југот на земјката), за време на нејзините два претседателски мандати (2007 -2015 година).

Можеби ќе ве интересира

Потпретседателката на Аргентина за атентатот: Жива сум поради Господ и Богородица

M T

Претрес во Скопје, пронајден пиштол, приведено едно лице

M T

Претрес во Велес, пронајден пиштол, приведено едно лице

M T

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

M T

Напаѓачот од Чикаго испукал 70 куршуми и се преправил во жена за да побегне

M T

Напаѓачот во Копенхаген имал психички проблеми

M T