7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачот од Чикаго испукал 70 куршуми и се преправил во жена за да побегне

Американецот Роберт Кримо, уапсен под сомнение дека пукал од покривот кон граѓаните собрани на парадата по повод Денот на независноста на САД во предградието на Чикаго, е обвинет по седум точки за убиство од прв степен.

Јавниот обвинител на Илиноис, Ерик Рајнхард, рече дека доколку биде прогласен за виновен, осомничениот Роберт Е. Кримо (21) ќе се соочи со максимална казна доживотен затвор без можност за условно ослободување. Обвинителот изјави дека ќе побара Кримо да остане во притвор без можност за плаќање кауција.

Кримо легално купил пиштол, испукал повеќе од 70 куршуми и се облекол во женска облека за подоцна да може да се скрие меѓу насобраните граѓани, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека бројот на жртви се искачил на седум, бидејќи една од хоспитализираните починала во болница. Жртвите оттогаш се идентификувани. Повеќе од 30 луѓе беа повредени во пукотница за време на парадата.

Полицијата соопшти дека Кримо го планирал нападот неколку недели и дека сè уште не е познат мотивот за пукањето во предградието со претежно еврејско население, но дека нема докази дека има расен или антисемитски мотив.

Во нападот употребил пушка од висок калибар слична на полуавтоматска АР-15, која ја оставил зад себе пред да побегне, изјавија официјални лица. Тие додале дека имал слична пушка во автомобилот на мајка му, која ја возел кога полицијата го фатила, а имал и друго оружје кое сето тоа било легално купено.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

M T

Маж со секира убил жена во Берлин

M T

Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

M T

Приведена жена што крадела во Скопје, парите пронајдени

M T

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

M T