19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потпретседателката на Аргентина за атентатот: Жива сум поради Господ и Богородица

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирхнер (69), првпат јавно го коментираше обидот за нејзин атентат во Буенос Аирес.

Рекла дека е жива „поради Господ и Дева Марија“.

Таа вели дека папата Францискo ` се јавил ден по обидот за атентат за да ја утеши.

За време на вчерашната средба со свештениците и монахињите, Кирхнер изјавила дека чувствува дека е жива благодарение на Бога и Дева Марија.

„Ако треба да им се заблагодарам на Бога и на Марија, тогаш треба да го направам тоа опкружен со свештеници“ – изјавила таа и му се заблагодарила и на папата, кој исто така е Аргентинец.

„Папата Франциско ми се јави рано следниот ден. Разговаравме по телефон и тој ми рече дека на актите на омраза и насилство секогаш им претходат зборови на омраза и насилство“, рече Кирхнер.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

M T

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

M T

Првиот човек на Путин преживеал обид за атентат со труење, му се слошило после работа но го спасиле

M T

Атентат врз поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе

M T

Спречен атентат врз Зеленски, Чеченцитe онеспособени

M T

Полицијата уби четворица осомничени за атентанот врз претседателот на Хаити

M T