13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор му рекол на американскиот државен секретар Антонио Блинкен дека американските санкции „само ја комплицираат глобалната ситуација со храната“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Министерот особено го привлече вниманието на фактот дека глобалната ситуација со храната дополнително се усложнува со американските санкции – соопшти Министерството.

Лавров го информираше Блинкен за деталите од договорот за храна постигнат во Истанбул.

– Ентони Блинкен е запознаен со деталите од пакет-договорот, потпишан на 22 јули во Истанбул, во врска со транспортот на украинско жито од пристаништата на Црното Море и промовирањето на извозот на руска храна и ѓубрива – соопшти Министерството.

Шефот на руската дипломатија му рече на американскиот државен секретар дека Вашингтон не ги исполнува своите ветувања во однос на ослободувањето од санкциите за извоз на руски земјоделски производи и додаде дека Русија ќе ги постигне сите цели во Украина, а дека Западот со оружје за Киев само го продолжува конфликтот.

Зборувајќи за размената на затвореници меѓу Русија и САД, Лавров предложи двете земји да се вратат на „тивка дипломатија“.

– Во однос на евентуалната размена на затвореници со САД, руската страна силно препорача двете земји да се вратат на професионален дијалог во режим на тивка дипломатија, без шпекулации и фалсификат – соопшти Министерството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Холштајн: Една од целите на Берлинскиот процес е заедничкиот регионален пазар за сите шест земји, а Отворен Балкан е сигурно првиот чекор

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T