17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриски политичар: Русите навикнаа да живеат во сиромаштија, санкциите се на штета на оние што ги воведоа

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Херберт Кикл смета дека санкциите на ЕУ се поштетни за оние кои ги вовеле отколку за Русија.

Кикл во интервју нагласи дека е неопходно да се преговара со Русија.

„Потребна ни е плодна иднина заедно со Русија“, објасни тој и додаде дека мирот не може да се постигне со санкции и испорака на оружје.

„Русите се навикнати да живеат во сиромаштија. Таква ситуација не знаеме од Втората светска војна и обновата на земјата“, објасни тој. Кикл посочи дека стратегијата на санкциите на ЕУ предизвикува само огромна штета на европското население.

„Што се однесува до Украина, ЕУ и владата на Австрија се исто толку тврдоглави како и во однос на коронавирусот“, нагласи тој.

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T

111 санкции за брзо возење

M T