15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИКSHOWBIZ

Огромен екран падна врз танчери на концерт во Хонгконг

Џиновски видео монитор падна и повреди двајца танчери пред испаничени фанови на концертот на популарниот бој-бенд „Мирор“ во Хонгконг.

Екранот се срушил врз еден изведувач пред да го собори другиот, покажуваат снимките кои кружат на интернет.

Момчешкиот бенд настапи во Тhe Hong Kong Coliseum во четвртокот вечерта кога настана кошмарот, пренесуваат медиумите. На видеата може да се види како, среде настап, видео-монитор што виси од таванот паѓа директно врз еден од танчерите.

Концертот веднаш бил прекинат, а менаџерот на бендот побара од публиката мирно да излезе од арената.

Полицијата во Хонгконг потврди за локалните медиуми дека двајцата танчери се хоспитализирани.

Спонзорирано: