17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европскиот парламент го осуди укинувањето на абортусот во САД

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство го осуди укинувањето на уставната заштита на абортусот во САД.

Тој повика и на вклучување на ваквата заштитна мерка во Повелбата на ЕУ за основните права.

Европратениците ја усвоија резолуцијата со 324 гласа „за“, 155 „против“ и 38 воздржани, што го одразува гневот во многу земји-членки на ЕУ по контроверзната одлука на Врховниот суд на САД на 24 јуни.

Резолуцијата ги повикува членките на Унијата да додадат во Повелбата за основните права на ЕУ дека „секој има право на безбеден и легален абортус“.

Статусот на абортусот во земјите на ЕУ е определен со националните закони. Абортусот е легален и се практикува без големо политичко противење во многу земји-членки на ЕУ, додека е забранет во Малта и ограничен во Полска.

Во резолуцијата се споменува неодамнешен случај на Малта, каде што една американска туристка имала нецелосен абортус, но поради забраната за абортус, нејзиното фетално ткиво не можело да се отстрани иако животот и бил во опасност.

Исто така, се соопштува дека е покренато обвинение против активист за човекови права во Полска за обезбедување апчиња за абортус.

Во резолуцијата европратениците ја изразуваат својата загриженост за можното зголемување на протокот на пари за финансирање на групи кои се за забрана на абортусот, по одлуката на Врховниот суд на САД.

Изразувајќи стравувања дека движењата против абортусот би можеле да се шират низ Европа, некои европратеници рекоа дека е потребно усвојување заштитни мерки низ ЕУ.

И покрај усвојувањето на резолуцијата во ЕП, не се очекува таа да има итно влијание врз законите за абортус во ЕУ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T