Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

241 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК