3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

Брод со 7.000 тони жито исплови од украинското пристаниште во Берџанск, моментно контролирано од руските сили.

„По неколку месеци неактивност, првиот трговски брод го напушти трговското пристаниште Бердјанск“, изјави шефот на воено-граѓанската управа на регионот Запорожје, Евгениј Балицки.

„Седум илјади тони жито отидоа во пријателските земји“, напиша тој на својот канал на „Телеграм“.

Балицки прецизира дека бродовите на Црноморската флота ја обезбедуваат безбедноста на товарниот брод. Според него, Бердјанскиот Залив и самото пристаниште се целосно безбедни, а пристанишните работници и опремата се подготвени за истоварање.

Областа на пристаништето беше исчистена од инженерски единици на поморската база Новоросијск.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Американската морнарица го испраќа својот најмоќен воен брод во Источна Азија

M T

Киев: Брод со 23.000 тони пченица замина за Африка

M T

Првиот брод натоварен со жито ја напушти Одеса

M T

Првиот брод со жито ќе ја напушти Одеса во текот на денот

M T

Путин: Укинете ги блокадите и ќе го олесниме извозот на украинското жито

M T

Украински парламент: Русите ни украдоа 500 илјади тони жито

M T