20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Продолжува трендот на раст на плаќањата со платежни картички и е-кредитни трансфери

Граѓаните продолжуваат со зголемена употреба на дигиталните канали за вршење на плаќањата, а особено на употребата на платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери и во првиот квартал од 2022 година, информираат од Народна банка.

„Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8% на годишно ниво, додека вредноста на извршените трансакции пораснала за 13,2%. Забележан е годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките места на продажба за 19,5%, како и годишен раст од 8,7% на виртуелните (интернет) продажни места. Кај кредитните трансфери, исто така, забележан е годишен раст, како кај бројот на трансакции, така и кај вредноста. Во првиот квартал од 2022 година, граѓаните извршиле 17% повеќе плаќања преку кредитни трансфери, додека вредноста на трансакциите била повисока за 28,6%“ се вели во соопштението од НБ.

Оттаму информираат дека електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери, продолжува да расте и во првиот квартал од 2022 година. Електронски иницираните кредитни трансфери забележаа раст од 9,5% на годишна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации со кои извршиле над една половина од вкупниот број на електронски иницирани кредитни трансфери.

Притоа, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал за 18,4% на годишна основа. Истовремено, значително поумерен годишен раст со 1,7% е забележан кај употребата на компјутерите за извршување плаќања.

Можеби ќе ве интересира

Откриена вечната мистерија – Еве дали со сечењето на косата го забрзуваме нејзиниот раст

M T

ТИРЗ: Значителен раст на вработувањата и извозот во февруари

M T

Повеќето шефови на големите компании во светот очекуваат раст на глобалната економија во 2022

M T

Премиерот Заев: Растот на БДП во вториот квартал од 13,1%, е потврда дека економијата е стабилна

M T

Евтино и природно: Доктор открива кое масло е најдобро за раст и густина на косата

M T

Даниела Колева: Раст на просечната плата од 8,8 отсто, македонската економија е стабилна и развојна

M T