20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
СВЕТ

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив тоа што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 членови на движењето ПКК и Фето, кои ги смета за терористи, најави министерот за правда Бекир Боздаг. Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на меморандумот меѓу трите земји, што го отвора патот за Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО.

„Како дел од новиот договор, ќе побараме од Финска да екстрадира шест членови на ПКК и шест членови на Фето, а од Шведска да екстрадира десет членови на Фето и единаесет членови на ПКК“, рече турскиот министер.

Вчера пред отворањето на самитот на НАТО во Мадрид, Ердоган неколкучасовни се сретна со финскиот колега Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон. Турција го блокираше влезот на двете земји во НАТО, обвинувајќи ги за засолниште на милитантите на двете движења. На крајот на средбата во Мадрид беше презентиран меморандум на три земји со кој се отвора пат за проширување на Алијансата.

„Турција го доби она што го сакаше“, соопшти кабинетот на турскиот претседател, мислејќи на „целосната соработка“ на државите во борбата против тероризмот.

Ердоган денеска ги објави 7-те точки од договорот потпишан со Шведска и Финска.

1. Финска и Шведска нема да обезбедат поддршка за ПКК и Фето, а Турција за возврат ќе обезбеди целосна поддршка на земјите во борбата против заканите по нивната национална безбедност. Финска и Шведска се согласија најостро да го осудат тероризмот во сите негови форми и манифестации.

2. Финска и Шведска се обврзаа да потврдат дека ПКК е забранета терористичка организација и се обврзаа да ги спречат активностите на групата и сите други терористички субјекти, како и активностите на поединци во поврзани и групи или мрежи поврзани со тие терористи организации.

3. Финска истакна неколку неодамнешни амандмани на својот кривичен закон кои го проширија опсегот на кривичните дела, од кои последниот стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Шведска, од своја страна, потврди нов, построг закон за кривични дела на тероризмот и дека владата се подготвува дополнително да го заостри законодавството за борба против тероризмот.

4. Турција, Финска и Шведска потврдија дека меѓу нив повеќе не постои национално ембарго за оружје. Шведска ја менува својата национална регулаторна рамка за извоз на оружје во однос на сојузниците во НАТО.

5. Турција, Финска и Шведска се обврзаа на следните конкретни чекори: Трите земји се согласија да воспостават заеднички, структуриран механизам за дијалог и соработка на сите нивоа на власта. Финска и Шведска ќе се борат против тероризмот одлучно и во согласност со одредбите на релевантните документи и политики на НАТО, обврзувајќи се да ги преземат сите неопходни чекори за дополнително заострување на домашното законодавство за таа цел. Финска и Шведска навремено и темелно ќе ги решат барањата на Турција за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам.

6. За спроведување на овие чекори, Турција, Финска и Шведска ќе воспостават постојан заеднички механизам, со учество на експерти од министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и правда, како и разузнавачки служби и безбедносни институции.

7. Турција, исто така, ја потврди својата долгогодишна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, согласувајќи се да ја поддржи поканата на Финска и Шведска да станат членки на НАТО на самитот во Мадрид во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Петровска потпиша Договорот за соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор

M T

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

M T

Маричиќ во „Топ Тема“: Фронтекс договорот ќе биде потпишан на македонски јазик без никакви додавки

M T

ЕУ целосно го суспендираше договорот за визно олеснување за руските граѓани

M T

Ердоган: Житариците од Украина одат во богатите, а не во сиромашните земји

M T