5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гајдаj: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка

Официјален Киев призна дека има потешкотии во борбите во источна Украина откако руските сили ја окупираа територијата долж фронтот во тој дел од земјата и го зголемија притисокот врз два клучни града.

Гувернерот на украинската област Луганск, Серхиј Гајдаj, каде се случуваат најсилните руски напади во последните недели, изјави дека ситуацијата од понеделникот вечерта е „исклучително тешка“ на целата линија на фронтот, пренесува медиумот.

„Руската армија концентрираше доволно резерви за да започне офанзива од големи размери“, изјавил Гајдај на украинската телевизија.

Тој навел дека руските сили контролираат дел од градот Северодонецк, освен хемиската фабрика Азот, каде со недели се кријат стотици цивили, а под постојано гранатирање е и патот што ги поврзува Северодоњецк и соседниот Лисичанск со градот Бахмут.

„Лисичанск е под силно руско гранатирање цел ден. Засега е невозможно да се одреди бројот на жртвите“, рекол украинскиот гувернер, нагласувајќи дека гранатирањето е можеби најтешкото што градот го доживеал досега.

Родион Мирошник, амбасадорот на самопрогласената Луганска народна република во Русија, изјавил дека нејзините сили се движат од југ кон Лисичанск, со огнени престрелки што избувнале во многу околни градови.

„Следните часови треба да донесат значителни промени во односот на силите во таа област“, ​​кажал тој.

Во неделата, во неговото ноќно видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека може да се очекува дека руските напади ќе се интензивираат оваа недела, пред одлуката на ЕУ да и додели кандидатски статус на Украина на Самитот во четврток и петок.

Можеби ќе ве интересира

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

M T

Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка

M T

Кина загрижена за ситуацијата во Украина

M T

Украина ја смирува ситуацијата – Одлуката за предвремено повлекување на дипломатите е прерана

M T

Захарова: Ситуацијата во Црна Гора треба да се реши со почитување на правата на СПЦ

M T

Светот тешко се справува со вирусот, државите со поразителни бројки

CENTAR MKD