7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со руската армија, соопшти денеска регионалниот гувернер, јавуваат агенциите.

„Украинските вооружени сили ќе мора да се повлечат од Северодонецк. Добија таква наредба“, изјави преку Телеграм, Сергиј Гајдај, гувернер на Луганск, регион во кој се наоѓа овој стратешки важен град.

Северодонецк, во источна Украина, веќе неколку недели е сцена на вооружени конфликти меѓу украинската армија и руските сили и нивните сојузници, проруските сепаратисти, пишуваат медиумите.

„Веќе нема смисла да се остане на позиции кои постојано се гранатирани со месеци“, додаде Гајдај.

Тој рече дека сета основна инфраструктура е уништена, дека 90 проценти од градот е оштетен и дека 80 проценти од зградите мора да се урнат“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гајдаj: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка

M T

Русите го контролираат поголемиот дел од Северодонецк

M T

Зеленски: Украинските војници жестоко се борат за секој метар од Северодонецк

M T