4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина ја смирува ситуацијата – Одлуката за предвремено повлекување на дипломатите е прерана

Одлуката за евакуација на дипломатите и членовите на нивните семејства од Украина, која во понеделникот ја соопштија повеќе земји, е прерана, оцени денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

„Имаме 129 дипломатски претставништва на територијата на Украина. Четири мисии соопштија дека почнале да ги евакуираат своите дипломати од безбедносни причини. Останатите изјавија дека не гледаат причини за евакуација и дека ќе продолжат да работат со целиот персонал, вклучувајќи ги и членовите на семејствата на дипломатите“ – изјави Кулеба за украинската ICTV.

Сепак, тој додаде дека смета оти одлуката за евакуација била прерана.

„Немаше суштински, практични причини за тоа. Не сакам да ја минимизирам ситуацијата или нивото на закана, но сè треба да биде добро осмислено и навреме направено“ – изјави Кулеба.

Секретарот на Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов вчера изјави дека амбасадите на Австралија, Обединетото Кралство и САД најавиле евакуација на нивниот дипломатски персонал од Украина.

Според ТАСС, Западот и Киев неодамна шират тврдења за наводна руска потенцијална инвазија на Украина, што портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги опиша како „празни и неосновани“ тврдења кои имаат за цел да придонесат за ескалација на тензиите.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T