17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британски генерал: Влеговме во нова ера на несигурност

Висок британски воен генерал им порачал на британските војници да се подготват за борба и победа на војската на Путин во европската копнена војна, било соопштено синоќа, пишуваат медиумите во регионот.

Според нивните написи, генералот Патрик Сандерс, кој ја презеде целокупната команда на британската војска оваа недела, им кажал на војниците: „Ние сме генерацијата што мора да ја подготви војската повторно да се бори во Европа“, бидејќи руската инвазија на Украина ја поткопува глобалната стабилност.

Во пораката до британските војници, тој напишал: „Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата на армијата во сенка на копнена војна во Европа во која учествува континентална сила, континуираната закана од Русија покажува дека имаме влез во нова ера на несигурност“, напишал тој.

„Моја единствена должност е да ја направам нашата армија колку што може поефикасна. Време е сега и наша можност е да го искористиме“, напишал Сандерс.

Според медиумите, оваа порака доаѓа во време кога Путин им се заканува на земјите на НАТО, а оваа недела како што анализираат ги „исмејуваше“ поранешните советски држави во Европа велејќи: „Тие се дел од историската Русија“.

Путин го коментираше ова како одговор на изјавата на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, кој рече дека не ги признава самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск во источна Украина, се наведува во новинарските извештаи.

Максимилијан Хес, соработник во Институтот за надворешна политика, изјавил за „Телеграф“ дека одговорот на Путин до Токаев претставува „јасна закана“.

Можеби ќе ве интересира

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Зеленски: Не е точно дека струјата поскапе поради војната, Русија претходно вештачки ги зголеми цените

M T

Резников: Најлошото сценарио е зад нас

M T