17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан се противи на ембаргото на руската нафта: „Тоа е атомска бомба за нашата економија“

Унгарија не може да ја поддржи сегашната форма на нов пакет санкции на ЕУ што вклучува ембарго за увоз на нафта, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека сегашниот предлог на Европската комисија за забрана на увозот на руска нафта ќе биде „атомска бомба за унгарската економија“, додавајќи дека е подготвен да преговара доколку види нов предлог што ќе ги задоволи унгарските интереси.

Европската Унија во средата предложи пакет најсилни санкции за Москва, но неколку источни земји изразија загриженост дека нема да имаат доволно време да се приспособат, иако дипломатите рекоа дека ќе им дадат рок на Унгарија и Словачка до 2023 година.

Орбан изјави за државното радио дека на Унгарија ќе и требаат 5 години и огромни инвестиции во рафинерии и цевководи за да го трансформира сегашниот систем, кој се потпира на околу 65 отсто од руската нафта.

„Точно знаеме што ни треба. Пред се, ни требаат 5 години за да го завршиме целиот овој процес. Година, година и пол не е доволно“, рече Орбан.

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Орбан: Санкциите против Русија може да ја доведат Европа на колена

M T

Орбан потпиша нов договор за гас со Русија

M T

Орбан: Воениот план на ЕУ не успеа

M T

Орбан: Не сум расист, туку антимиграциски политичар

M T