11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Орбан потпиша нов договор за гас со Русија

Унгарија потпиша договор со Русија за дополнително снабдување со гас, соопшти вчера владиниот портпарол, Золтан Ковач.

Според договорот, во Унгарија ќе се испраќаат до 5,8 милиони кубни метри гас дневно покрај договорената количина што е веќе на сила.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој моментално се состанува со другите министри за надворешни работи на ЕУ во Прага, рече дека договорот со кој гасот ќе се испраќа до Унгарија преку Србија значи: „Ќе имаме доволно гас во Унгарија“.

Пред руската инвазија на Украина, Унгарија потпиша долгорочен договор за добивање 3,5 милијарди кубни метри гас од Русија годишно преку гасоводот Турски тек и дополнителни милијарда кубни метри гас од Австрија.

Унгарија е силно зависна од руските енергетски извори, добивајќи околу 80 отсто од својот гас од „Гаспром“ и се противи на какви било санкции на ЕУ за рускиот гас.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T