9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Санкциите против Русија може да ја доведат Европа на колена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека обидите на Западот да ја ослабне Русија не успеале и покрај големиот број санкции што се воведени против Москва.

– Во моментов против Русија се во сила 11.000 санкции, но обидите за ослабување на Русите не се крунисани со успех. Напротив, тешката инфлација и енергетскиот дефицит, предизвикани од санкциите, би можеле да ја доведат Европа на колена – рече Орбан.

Според него, доколку не се промени политиката на санкции во Европа, ситуацијата ќе биде тешка.

Орбан истакнува дека е неопходно „да се бориме против зелените и бирократите вклучени во геополитичките игри“ за да се убедат да не се откажуваат од различни извори на енергија.

– Од политички причини се откажуваме од користењето различни извори на енергија и со тоа си го поскапуваме животот и ја отежнуваме позицијата на сопствената индустрија во глобалната конкуренција – рече Орбан.

Претходно, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија не сака да разговара за санкциите против Русија во врска со снабдувањето со нафта и гас. Според Сијарт, „бидејќи не е возможно да се транспортира природен гас во воз или во ранец“, Европа нема да може да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

158 санкции за брзо возење

M T