11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Воениот план на ЕУ не успеа

Стратегијата на Западот во врска со војната во Украина пропадна, бидејќи санкциите нема да го нарушат балансот во руската економија, а актуелната ситуација предизвика страдање во европските земји, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во своето редовно неделно обраќање до граѓаните.

Орбан истакна дека пред 155 дена првиот план бил Украина да ја победи Русија со помош на американските советници и западните планови, вториот е дека санкциите ќе ја потресат Русија, третиот е дека Европа ќе успее да се прилагоди на санкциите што ги воведе, а четвртиот што остатокот од светот ги поддржува санкциите.

Ниту еден од тие четири планови не се оствари, бидејќи Русија не ја губи војната, санкциите не ја разнишаа, оцени Орбан, додавајќи дека сега е јасно дека стратегијата е неуспешна и дека е неопходен пристап за нова.

Сепак, тоа не може да биде ограничување на потрошувачката и зголемување на цените, посочи Орбан и предупреди дека во октомври ќе следи транзиција кон воена економија доколку Брисел не го промени сегашниот курс.

Орбан нагласи дека ќе мора да се воспостави мир во Украина, но додаде дека шансите за тоа се многу мали доколку не почнат директни преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Русија.

Коментирајќи ја одлуката, која предвидува секоја членка на ЕУ да ја намали потрошувачката на гас за 15 отсто, Орбан рече дека е задоволен што Брисел се обидува да најде решение, но нагласи дека ќе биде подобро Унгарија да се потпре на себе.

Не би било добро да чекаме Брисел да го реши проблемот со снабдувањето со енергија, тоа е прашање што треба сами да го решиме, рече Орбан, истакнувајќи дека предлогот на Брисел е „чиста конфискација“, која Унгарија не може да ја прифати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T