16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Конашенков: Погодени четири украински складишта со оружје

Руските вооружени сили со прецизни ракети погодија четири украински магацини за оружје во областа Славјанск и Дружковка (фронтот Донбас), соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

„ Ракетните сили и артилерија завршија 100 задачи во текот на денот. Погодени се пет командни центри на украинските сили, 81 позиција на војниците, како и осум артилериски батерии“ изјави Конашенков.

Тој додаде дека воздушните и вселенските сили погодиле 33 воени објекти на украинските сили, вклучително и 23 непријателски позиции.

Во таа прилика, како што изјави генералот, уништени се 200 екстремисти и повеќе од 40 единици оклопни возила, артилерија и возила.

Исто така, руските системи за противвоздушна одбрана соборија шест беспилотни летала во областа на Донбас.

„ Од почетокот на специјалната воена операција уништени се 141 авион, 110 хеликоптери, 589 беспилотни летала, 272 противвоздушни ракетни системи, 2.588 тенкови и други оклопни возила – изјави Конашенков.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Приведени четири лица на подрачје на Чаир и Бутел, пронајдено оружје, дрога…

M T

САД најавија нов пакет оружје за Украина во вредност од 600 милиони долари

M T

Претрес во прилепско, пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице

M T

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

M T