4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

– Единиците на 44-та артилериска бригада на украинските вооружени сили планираат на 19 август да го нападнат СИ Запорожје од градот Никопол – изјави Конашенков.

Тој нагласи дека вината за евентуалните напади ќе падне на руските вооружени сили.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска е во Украина, кој се очекува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Таип Ердоган, кои исто така се во посета на Киев.

Според Конашенко, украинското раководство постојано шири гласини дека руските војници ја окупирале оваа нуклеарна централа и ги гранатираат вооружените сили на Украина од артилериски системи со долг дострел, покривајќи се со нуклеарни оружја.

– Го обрнуваме вниманието на фактот дека руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на станицата ниту во околните области. Таму има само безбедносни единици – рече портпаролот.

Тој додаде дека вооружените сили на Русија ги преземаат сите неопходни мерки за обезбедување на безбедноста на нуклеарната централа Запорожје.

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Кадиров им се закани на Украинците: Сите наши досегашни постапки ќе им изгледаат како детски шеги

M T

Кадиров: Ги почитувам Украинците, жалам што не разбираат дека Западот ги искористува

M T

Медведев: Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив

M T

Зеленски: Следната зима ќе биде многу тешка за Украинците

M T