11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пленковиќ до Милановиќ: Блокирај кога си фраер

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го повика претседателот Зоран Милановиќ да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО, кога, како што рече, тој веќе седи на самитите на НАТО и не чека тоа да го стори хрватскиот парламент.

„ Нека блокира тој веднаш, како некој што седи на самити на НАТО, зошто го остава парламентот да го направи тоа кога е фраер“, изјави синоќа Пленковиќ, пренесува Хина.

Тој тврди дека Милановиќ би ја пропуштил темата на претстојниот самит во Мадрид, но потоа ќе побарал од парламентот да го стори тоа.

Милановиќ вчера изјави дека Финска и Шведска не можат да влезат во НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ и дека дотогаш хрватскиот парламент „не смее да ратификува ничиј пристап во Алијансата“.

Тој рече и дека може да се разговара за влез на Финска и Шведска во НАТО, но, како што наведе, тоа е „опасна авантура“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Милановиќ имал непријатност додека се обидувал да се фотографира покрај коњ

M T

Пленковиќ: Хрватска ја поддржа Украина затоа што и самата беше жртва на агресија

M T