14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТТОП ВЕСТИ

Лавров: Опасноста е голема, ризикот од нуклеарна војна е сериозен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

„Не сакам вештачки да се зголемуваат овие ризици, иако многумина би сакале. Опасноста е сериозна, реална. И тоа не смееме да го потцениме“, изјави Лавров за руската државна телевизија.

Лавров рече дека Москва ќе ги продолжи мировните преговори со Киев и конфликтот ќе заврши со договор, но неговата содржина ќе зависи од воената ситуација.

Шефот на руската дипломатија го обвини Володимир Зеленски, претседателот на Украина, дека се преправа дека преговара.

„Тој е добар актер. Ако внимавате што зборува, ќе слушнете илјада противречности“, рече Лавров.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Лавров: Европските политичари се патетични со тоа што ги ограничуваат визите за Русите

M T

Горбачов предупредуваше на можна нуклеарна војна уште во 2017 година

M T

Страшно предвидување: Во случај на НУКЛЕАРНА ВОЈНА, две третини од човечката популација ќе бидат избришани од лицето на Земјата

M T

Блинкен и Лавров разговараа за размена на затвореници

M T