5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Горбачов предупредуваше на можна нуклеарна војна уште во 2017 година

Михаил Горбачов во последните години повремено се појавуваше во светските медиуми и коментираше за состојбите во светот. На почетокот на 2017 година, тој напиша статија за американскиот „Тајм“, во која предупреди на растечките тензии и опасноста од војна ширум светот.

„ Денешниот свет е полн со проблеми, а оние кои донесуваат одлуки и одредуваат политики изгледаат збунети и изгубени. Но, ниту еден проблем денес не е поважен од милитаризацијата на политиката и новата трка во вооружување. Запирањето на таа опасна трка мора да биде наш прв приоритет“ почнува Горбачов во неговиот текст од почетокот на 2017 година.

„ Се наоѓаме во опасна ситуација. Во Европа има се повеќе војници, тенкови и оклопни транспортери. Руските и НАТО силите, кои порано се гледаа од далечина, сега се распоредени многу блиску една до друга. И додека државите бараат средства во нивните буџети за да ги обезбедат основните потреби на луѓето, се повеќе се трошат пари за војската. Лесно се наоѓаат пари за софистицирано оружје чија деструктивна моќ е споредлива со онаа на оружјето за масовно уништување; за подморници, чиј еден салво може да избрише цели континенти, исто како и за одбранбените ракетни системи кои ја поткопуваат стратешката стабилност“, пишува Горбачов.

Политичарите и воените функционери звучат сè пострашно, а одбранбените доктрини се сè поопасни. На таков дискурс се приклучуваат коментатори и ТВ-личности. Сето тоа изгледа како светот да се подготвува за војна, предупреди поранешниот претседател на СССР.

„ Нуклеарната закана денес повторно изгледа реална. Односите меѓу големите сили се влошуваат како што одминуваат годините, а поборниците за вооружување и воено-индустрискиот комплекс задоволно ги тријат рацете. Преовладува ставот дека дијалогот мора да биде заснован на борбата против тероризмот. Ова е навистина важна и итна задача, но не е доволно за нормален однос и можно партнерство меѓу државите“, пишува Горбачов.

На крајот од текстот, Горбачов потсетува на зборовите на поранешниот американски претседател Френклин Делано Рузвелт, кој рече дека слободата од стравот е една од главните слободи. „ Денес товарот на стравот го чувствуваат милиони луѓе, а главни причини за тоа се милитаризмот, воените конфликти, трката во вооружување и нуклеарниот меч на Дамокло.

Решавањето на тој страв значи ослободување на луѓето. Тоа треба да ни стане главна цел, по што многу други проблеми полесно ќе се решаваат. Времето за одлука е сега“, напиша тогаш Горбачов.

Во ноември 2019 година, тој даде интервју за Би-Би-Си, во кое предложи сите земји да повикаат на уништување на нуклеарното оружје.

„ Се додека постои оружје за масовно уништување, како што е нуклеарното оружје, опасноста за целиот свет е колосална. Сите нации треба да повикаат на уништување на нуклеарното оружје. Ова е нешто што мора да го направиме ако сакаме да ги спасиме човештвото и планетата“, рече Горбачов.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Меркел: Горбачов покажа како еден државник може да го промени светот

M T

Почина Михаил Горбачов

M T

Страшно предвидување: Во случај на НУКЛЕАРНА ВОЈНА, две третини од човечката популација ќе бидат избришани од лицето на Земјата

M T

Британски советник за безбедност: Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна

M T

Рогозин: Во нуклеарна војна ќе го уништиме НАТО за половина час

M T

Лавров: Опасноста е голема, ризикот од нуклеарна војна е сериозен

M T