22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

На Украина ѝ се испорачани делови за воените авиони, но никој не испраќа МиГ-29 кои Зеленски ги бара

Украинското воено воздухопловство приспособило уште 20-тина борбени авиони благодарение на приливот на резервни делови, изјави висок припадник на американската одбрана.

Иако офицерот не сакаше да прецизира која земја ги испорачала деловите за авионите, тој рече дека САД и другите земји работат на набавка на деловите потребни за украинската авијација.

„ Приливот на резервни делови и овозможи на Украина да ја прошири својата флота од оперативни воени авиони, и покрај континуираните руски напади. Тие имаат повеќе авиони сега отколку пред три недели“, рече тој.

Ден претходно портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека Украина добила дополнителни борбени авиони, пренесува Си-Ен-Ен. Но, висок офицер за одбрана го негираше тоа, велејќи дека Украина не добила повеќе авиони, туку всушност добила делови за да ги направи функционални повеќе од нејзините постоечки авиони.

Сепак, тој навести дека барем една земја размислува да испрати повеќе авиони во Украина. Не е познато која држава понудила ваков вид помош.

Засега ниту еден од Миг 29.

САД се обврзаа да испратат 16 хеликоптери Ми-17 во Украина, но исто така одбија да учествуваат во трансферот на МиГ-29 од друга земја во Украина преку САД. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бара борбени авиони МиГ-29 од советската ера, со кои украинските пилоти веќе знаат да летаат. Ниту една од источноевропските земји се уште не се согласила на тоа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T