19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Европска комисија: Плаќањето за гас во рубли ги прекршува санкциите на ЕУ

Со плаќањето на рускиот гас во рубли, некои земји членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерна белешка на Европската комисија (ЕК).

Белешката која е техничка и прелиминарна и се заснова на неофицијален превод на рускиот претседателски декрет од 31 март, вели дека законот додава неколку нови слоеви на обврски на купувачите на гас од ЕУ и практично го одзема финализирањето на купувањето од нивните раце.

„Овој механизам ќе доведе до прекршување на постојните европски рестриктивни мерки наметнати на Русија, нејзината влада, централната банка и соработниците, како и општа забрана за заобиколување на европските рестриктивни мерки“, се вели во белешката до која дојде „Ројтерс“.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март издаде декрет со кој се бара од европските функционери да отворат најмалку две специјални сметки во Гаспромбанк – едната за евра и долари, а другата за рубли. Сите плаќања за гас мора да одат преку таа банка.

Според шемата, ЕУ ќе продолжи да плаќа на Гаспромбанк во договорената валута, евра или долари, но договорот ќе биде завршен само кога руската банка ќе ја претвори валутата во рубли во договор со централната банка и ќе ги уплати на друга сметка, се вели во документот на ЕК.

Можеби ќе ве интересира

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T