17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
СВЕТ

Џонсон: Рускиот народ заслужува да ја знае вистината за Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска апелираше до Русите, повикувајќи ги „да се информираат од независни извори“ за, како што рече, „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“ и рече дека „нема да поддржат војна ако ја знаат вистината“.

„Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите“, рече Џонсон во видео обраќањето на Твитер, кое делумно беше на руски.

Злосторствата што ги извршија руските војници во Буча, Ирпин и други места во Украина го згрозија светот. Извештаите се толку шокантни, толку одвратни, не е ни чудо што вашата влада се обидува да ги скрие од вас. „Вашиот претседател знае дека кога би можеле да видите што се случува, нема да ја поддржите неговата војна“, рече тој.

Џонсон ги повика Русите да користат виртуелни приватни мрежи (ВПН) за да пристапат до независни информации за војната и на тој начин да ги добијат фактите.

И кога ќе дојдете до вистината, споделете ја. Тие што се одговорни ќе одговараат. И историјата ќе памети кој имал поинаков пристап, рече Џонсон.

Тој потоа на руски додаде: „Вашиот претседател е обвинет за воени злосторства, но не можам да верувам дека тоа го направил со ваше одобрение“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден побара на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства наводно извршени од руски војници во Буча, предградие на Киев.

Москва ги нарече ваквите наводи неприфатливи, а руското Министерство за одбрана објави дека руските војници не убиле цивили во Буча, кој неодамна беше пронајден од украинските сили.

Можеби ќе ве интересира

Папата: Украинците се маченички народ кој се соочува со тортура

M T

Џонсон во прошталниот говор како премиер се опиша себе како бустер ракета: „Тоа е тоа, народе“

M T

Палестинскиот претседател го обвини Израел за холокаустот врз неговиот народ

M T

„Се соочив со неа, а таа призна се“ – Сакаше да ја запроси девојката и дозна шокантна вистина за нејзиното минато

M T

Зеленски по оставката на Борис Џонсон: Тој беше вистински пријател на Украина

M T

Борис Џонсон поднесе оставка

M T