17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Ултиматумот на Путин за рускиот гас стапува на сила

Ултиматумот за гас на рускиот претседател Владимир Путин денеска стапи на сила. Според овој ултиматум, сите клиенти ќе треба да го платат рускиот гас во рубли, од посебни сметки во банка посредник. Во спротивно нивното снабдување со гас ќе биде прекинато.

Според декретот, странските купувачи од списокот на Путин на „непријателските држави“ ќе го префрлат договорениот износ во странска валута на посебна сметка во Гаспромбанк, банката ќе купи рубли во нивно име и ќе ги префрли на друга посебна сметка за да плати гас на Гаспром во рубли.

Отворањето на специјална сметка „К“ во Газпромбанк не е условено со присуство на претставник на странски купувач, се вели во указот што вчера го потпиша рускиот претседател.

– Доколку плаќањата не се вршат на овој начин, ќе сметаме дека купувачот не ја подмирил својата обврска, со сите последици што следуваат. Никој ништо не ни дава бесплатно, па нема да бидеме ниту добротворна институција – рече Путин.

Веднаш по потпишувањето на ултиматумот, Велика Британија, Германија, Франција и Холандија изјавија дека нема да се согласат со него.

Патем, обидот на Путин да ги принуди западните земји да плаќаат во рубли ќе го ублажи влијанието на санкциите врз руските девизни резерви и ќе ја зајакне руската валута. Европа трошеше од 200 до 800 милиони евра дневно за руски гас оваа година, а претворањето на толку многу пари во рубли би било огромен поттик.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T