14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Антонов: Пентагон заборави дека американските авиони ја бомбардираа Југославија

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, ги негираше обвинувањата на портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кој рече дека има јасни докази за воени злосторства на руската армија во Украина и потсети на американското бомбардирање на различни земји, пренесува Срна.

– Пентагон веќе заборави како не толку одамна американските и авионите на нивните сојузници ги бомбардираа градовите Југославија, Ирак и Либија. Вашингтон не се ни сеќава на злосторствата на американската армија и платеници во Авганистан и Сирија – вели Антонов во порака на социјалната мрежа „Телеграм“.

Антонов истакна дека ударите на руската армија се насочени само кон украинската воена инфраструктура. Рускиот дипломат посочи и дека украинската армија користи ракети „точка-У“ опремени со касетна муниција и дека не дозволува цивили да си заминат, а врши и присилна мобилизација.

Кирби вчера изјави дека има јасни докази за злосторства извршени од руските сили, за кои Вашингтон помага да се соберат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пентагон ја прекина испораката на Ф-35: Пронајдена кинеска легура

M T

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

M T

Рускиот амбасадор во САД: Изјавата на Пентагон ја покажува намерата да ја ескалира ситуацијата

M T

Антонов: Санкциите против Русија ја влошуваат глобалната ситуација

M T

Украина може апсолутно да победи во војната против Русија, тврди Пентагон

M T

Исландски новинар: Верувам дека нападот на НАТО врз Југославија беше проба за нападот врз Русија

M T