19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Антонов: Санкциите против Русија ја влошуваат глобалната ситуација

Русија не е изненадена од новите санкции воведени од САД и останува убедена дека таквите ограничувања само ја влошуваат глобалната економска ситуација и влијаат на достапноста и безбедноста на храната во светот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Не сме изненадени од новите ограничувања“, рече амбасадорот, опишувајќи ги како „уште една потврда за русофобната хистерија на Вашингтон“.

„Убедени сме дека штетната практика на ограничување само ќе ги влоши глобалните проблеми, што ќе доведе до нови нарушувања во синџирите на снабдување и ќе влијае на безбедноста на храната. Економските флуктуации можат да се одразат и на САД“, нагласи Антонов.

Тој додаде дека дури и во ситуација кога е погодена од ограничувања и забрани, Москва е подготвена да ги сервисира своите долгови.

„Убедени сме дека обидите да се блокира можноста за плаќање за Русија нема да останат незабележани од сериозните инвеститори, со што ќе се наруши довербата во САД“, рече рускиот амбасадор.

На 2 јуни, американската влада ги прошири своите црни листи со санкции против Русија, поради агресијата врз Украина, додавајќи функционери, претприемачи и директори на компании, како и 16 компании.

Американското Министерство за трговија додаде 71 правен субјект од Русија и Белорусија на црната листа, вклучително и бројни бродоградители и производители на авиони.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T