24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на кинеската дипломатија: Пријателството меѓу Русија и Кина е цврсто како камен

Кинескиот министер за надворешни работи денеска изјави дека руско-кинеското пријателство останува цврсто како камен.

Соработката меѓу двете земји носи придобивки за двете нации, рече Ванг Ји на годишната прес-конференција.

Светските медиуми потсетуваат дека, Кина одби да го нарече рускиот напад врз Украина инвазија. Таа повика да се стави крај на кризата преку преговори.

Списокот на земји кои воведуваат санкции кон Русија секојдневно се зголемува, но на него сè уште ја нема Кина.

Австралискиот премиер Скот Морисон ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја која ќе има поголемо влијание од Кина на крајот на војната во Источна Европа.

Во опширниот говор, австралискиот премиер посочи дека руската инвазија не оди според планот на нејзиниот лидер Владимир Путин.

„Кина долго време тврдеше дека една од најголемите светски сили треба да придонесе за глобалниот мир и стабилност. Нема земја која ќе има поголемо влијание врз завршувањето на оваа ужасна војна во Украина од Кина“, рече Морисон во неговиот говор.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T