14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТИЗБОР

Руското МНР: Лондон треба да го смени тонот на реториката кон Москва

Русија се залага за еднаков дијалог со Велика Британија, Лондон треба да го смени тонот на реториката кон Москва, а развојот на односите не треба да биде попречен со ограничувања, се вели во соопштението на руското МНР пред разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и неговата британска колешка, Лиз Трас.

Во соопштението се наведува дека и покрај различните позиции на Русија и Велика Британија за голем број меѓународни и билатерални прашања, Москва тргнува од „корисноста на значаен дијалог, особено кога станува збор за партнерите во Советот за безбедност на ОН и Г20“.

„Руско-британските односи сега се на ниско ниво и тоа не е наша вина. Ситуацијата во меѓудржавниот дијалог ја влошува острата антируска реторика на британските функционери, која е на работ на здравиот разум“, велат од Министерството.

Меѓу другото, Министерството посочи дека од Лондон редовно се слушаат изјави за некаква „руска агресија и дестабилизирачки чекори“.

„Има и отворени закани. Британската страна мора да биде свесна дека без јасна промена на тонот во говорот на претставниците на британското раководство, невозможна е продуктивна соработка ниту во решавањето на билатералните ниту во регулирањето на меѓународните проблеми“, се нагласува во соопштението.

Поаѓаме од фактот дека односите меѓу нашите земји треба да се засноваат на принципите на еднаквост и меѓусебно почитување, без вештачки ограничувања што го попречуваат бизнисот. Дијалогот треба да има дополнителна вредност за двете страни и да доведе до последователни практични чекори, заклучуваат од МНР.

Доколку Лондон воведе санкции за правни и физички лица во Русија, тоа ќе предизвика уште една рунда тензии во билатералните односи, додаваат од Министерството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон

M T

Илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на британската кралица во Лондон

M T

Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори

M T

Лондон: Нема непосредна опасност од ескалација во Украина

M T

Хаос во Лондон: Четири лица избодени до смрт, напаѓачот уапсен

M T

Захарова: Лондон им сврте грб на Британците заробени во Донбас

M T