18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на британската кралица во Лондон

Илјадници луѓе веќе чекаат ред пред Вестминстерската сала во Лондон, каде денеска од 17 часот ќе можат да поминат покрај ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора и да му оддадат почит, а се очекува до понеделник, На 19 септември, стотици илјади да го сторат тоа.

Ковчегот со телото на кралицата, која почина во Шкотска на 8 септември на 97-годишна возраст, синоќа е пренесен во Бакингемската палата, а по свечената поворка во центарот на Лондон, ќе биде пренесен во Вестминстерската сала, најстарата зграда на британскиот парламент, каде што ќе биде до 6:30 часот наутро во понеделник на 19 септември, кога е закажан погребот.

Затворениот ковчег ќе биде завиткан во кралско знаме, а ќе биде подигнат на платформа со воена стража која постојано ќе стои покрај него.

Круната и другите ознаки на суверенот, во согласност со традицијата, ќе бидат поставени на врвот на ковчегот.

Вчера во Единбург десетици илјади луѓе се простија од кралицата Елизабета во катедралата Сент Гилс, пред ковчегот со телото на кралицата да биде пренесен од Единбург во Лондон во вторникот вечерта.

Неговиот лет го следеле повеќе од пет милиони луѓе, објави сајтот за следење на воздушниот сообраќај „Флајрадар 24“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Владина делегација предводена од министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, оддаде почит за Денот на народното востание – 11 Октомври во Прилеп

M T

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски одаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

M T

Шојгу: Досега повеќе од 200.000 луѓе се мобилизирани во руските вооружени сили

M T

Шојгу: Ќе мобилизираме 300.000 луѓе, само еден отсто од ресурсите

M T

МРАЧНО истражување – Еве што (најверојатно) ќе ги уништи луѓето

M T

Уапсен маж откако се приближил до ковчегот на кралицата Елизабета Втора

M T