20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот вид омикрон е последен што ќе се појави во светот и дека ова е крајот на пандемијата.

Сепак, Тедрос додаде дека е можно оваа година да заврши акутната фаза на пандемијата, каде што Ковид-19 претставува глобална здравствена закана, под услов стратегиите и помагалата како тестовите и вакцините да се користат правилно.

Говорејќи на отворањето на состанокот на извршното тело, Тедрос истакна дека омикрон е откриен пред речиси 10 недели и дека оттогаш во светот се регистрирани 80 милиони случаи, повеќе отколку во 2020 година.

„Условите се идеални за појава на уште повеќе видови“, додаде директорот на СЗО.

Тедрос посочи дека човештвото може да стави крај на коронавирусот како глобална здравствена закана со исполнување повеќе цели, како што е намерата на СЗО за вакцинирање 70 отсто од населението во сите земји до средината на годината, особено оние што се изложени на најголем ризик од Ковид-19, како и со внимателно следење на вирусот и новите варијанти што се појавуваат.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T

Втор состанок на групата за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T