8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Казахстан, Узбекистан и Киргистан без струја

Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната.

Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја.

Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан.

Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

M T