20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

На улиците во Германија поставен нов сообраќаен знак

Возачите во Германија ќе мора да се навикнат на нов сообраќаен знак. Во Штутгарт се појавил нов сообраќаен знак кој се однесува на безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.

Знакот означува забрана за претекнување на велосипедисти и мотоциклисти. Засега може да се види на раскрсницата на Боблингер Штрасе и Калтенталер. Ова место им е познато на многу учесници во сообраќајот на тој град, бидејќи бара посебна грижа. Велосипедските и автомобилските патеки на оваа делница се одделени со испрекината линија.

Ова не секогаш дозволува слободно поминување на автомобилот, бидејќи е невозможно да се постигне минимум еден и пол метар странично растојание при претекнување, како што е пропишано со закон. Казната за непочитување е 70 евра.

„ Бидејќи возачите погрешно ја проценуваат ситуацијата, забраната за престигнување на велосипеди и мотоцикли сега е илустрирана со нов сообраќаен знак“, изјавија градските власти за СВП.

Инаку, овој знак можеше да се види и во Мајнц уште во април 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

За овој хороскопски знак јануари ќе биде најсреќниот месец

M T

Многумина ќе се изненадат: Овој хороскопски знак е најлош во кревет

M T

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

По сите неуспешни љубови, ОВОЈ хороскопски знак КОНЕЧНО ќе си најде партнер до крајот на октомври

M T

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T