12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Германија останува стратешки партнер за нашите европски интеграции

Германија е клучен политички и економски партнер на нашата земја, како и значаен партнер во процесот на европските интеграции на Република Северна Македонија. Ова беше заклучокот од средбата што ја остварија министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и министерката за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.

Посетата доаѓа многу брзо по нејзиното преземање на оваа функција во новата германска влада предводена од канцеларот, Олаф Шолц и само еден ден по изгласувањето на новата влада во нашата земја, чија определба останува иста – евроатлантски континуитет со приоритет на европските интеграции како стратешки интерес на Северна Македонија.

На состанокот беше разговарано за политиката на проширување како важна алатка на надворешното дејствување на ЕУ и евро – интегративното досие на земјата како клучно за кредибилитетот на Унијата, при што беше реафирмирана цврстата германска поддршка за европската интеграција на Северна Македонија.

„Северна Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот. Почетокот на пристапните преговори ќе претставува валоризација на досега сработеното, што во голема мера е постигнато и со поддршка на Германија, чија надворешна политика принципиелно ги застапува и вреднува нашите европски аспирации во овој процес“, истакна Османи.

Државната министерка, Лирман го поздрави напредокот на земјата и нагласи дека земјата заслужува почеток на пристапните преговори и посочи дека ќе даде силна поддршка кон остварување на оваа заедничка стратешка цел.

Односите и соработката меѓу Македонија и Сојузна Република Германија ги карактеризира интензивен политички дијалог и значајна динамика на соработка во сите области. Германија подолг период е најголем трговски партнер на нашата земја. Преку разни регионални проекти за ЕУ, Германија дава поддршка на нашите напори во исполнувањето на препораките на ЕУ и неопходните реформи од европската агенда.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Предупредување за жителите во Германија, бил објавен список на залихи поради опасност од прекин на струја

M T

Москва: Германија ги помина црвените линии, не требаше

M T