3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата доби налог да го одземе телефонот на Алек Болдвин

Полицијата која го истражува фаталното пукање на сетот на Rust добила налог за запленување на телефонот на актерот Алек Болдвин, кој исто така е и продуцент на филмот.

Снимателката Халина Хачинс почина, а режисерот Џоел Соуза беше повреден во текот на пробата на сетот на вестернот. Според претходен писмен исказ до судот, Болдвин вежбал извлекување на пиштол-реквизит од футролата, по што го вперил пиштолот во камерата. Оружјето испукало куршум кој ја погодил Хачинс во градите.

Болдвин (63) инсистира на тоа дека не го повлекол орозот.

Налогот за проверка на неговиот телефон го издаде судот во Санте Фе во Ново Мексико – државата каде што се снимаше филмот.

Во судскиот налог се наведува: „Mожно е да има докази во телефонот кои би биле материјални и релевантни за истрагата“.

Истражителите побараа да се одзеде Епл-ајфонот „за кој се верува дека е во сопственост на Болдвин“.

Тие сакаат да ги погледнат текстуалните пораки, е-пошта, историја на веб-прелистувач и други информации зачувани во телефонот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Барем таму можеме без него: Еве зошто никогаш не треба да го носите вашиот мобилен телефон во тоалет

M T

Еве список на апликации кои се опасни за вашиот телефон: Ако ги имате, ВЕДНАШ избришете ги

M T

Користењето на телефонот пред спиење влијае на вашето здравје: Оваа навика и не е толку безопасна како што изгледа

M T

Полнете го телефонот во текот на денот: Овие совети се ЗЛАТО ВРЕДНИ доколку сакате батеријата да ви трае подолго

M T

Пристигнува корисна функција на Android – архивирање апликации

M T

Исклучете го телефонот и опуштете се: Еве зошто е добро понекогаш да ви биде досадно

M T