9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Барем таму можеме без него: Еве зошто никогаш не треба да го носите вашиот мобилен телефон во тоалет

Многу луѓе ја практикуваат оваа лоша навика, но ваквото однесување воопшто не е пожелно и не е одобрено од експерти. Советуваат дека никогаш не треба да го носите мобилниот телефон со себе во тоалет, а откриваат и зошто.

според нивното мислење, мобилниот телефон едноставно нема место во тоалетот, тој треба да остане во џеб или чанта, или уште подобро, во друга просторија.

Зошто е тоа лоша навика?

Паметните телефони се веќе голема почва за размножување на разни бактерии и за жал, повеќето од нас не ги дезинфицираат често или никогаш. Кога ќе ги земете со себе во тоалет, каде што сè е преполно со бактерии, шансата некои од нив да завршат на вашата кожа или во устата станува уште поголема, а особено е опасно доколку телефонот го користите во јавен тоалет. .

Водата, влагата и честичките со нечистотија во оваа просторија создаваат совршена средина за репродукција на штетни бактерии.

Посебно сте изложени на ризик доколку немате навика да користите тоалетно седиште. Се препорачува секогаш кога ќе завршите со нужда да ја покривате тоалетната школка и дури потоа да ја измиете водата бидејќи на тој начин ќе спречите појава на мали капки полни со микроби од разни болести (ротавируси, вируси на хепатитис, салмонела и сл.) од префрлање на предметите во околината како крпи, но и на подот каде што понекогаш одите боси.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Навика која прави ПОВЕЌЕ ШТЕТА ОДКОЛКУ ПРИДОБИВКИ: Од една причина, никогаш не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина

M T

Еве список на апликации кои се опасни за вашиот телефон: Ако ги имате, ВЕДНАШ избришете ги

M T

Користењето на телефонот пред спиење влијае на вашето здравје: Оваа навика и не е толку безопасна како што изгледа

M T

Полнете го телефонот во текот на денот: Овие совети се ЗЛАТО ВРЕДНИ доколку сакате батеријата да ви трае подолго

M T

Пристигнува корисна функција на Android – архивирање апликации

M T

Исклучете го телефонот и опуштете се: Еве зошто е добро понекогаш да ви биде досадно

M T