23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повторно земјотрес во Албанија, почувствуван и во западните делови на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 12 часот и 23 минути, регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 100 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 3,6 степени, а бил почувствуван и од населението во западните делови од нашата држава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е последен во серијата земјотреси во Албанија, од кои во западните и северозападните делови на Македонија беа почувствувани пет потреси, и тоа: во 8.05 часот со локална Рихтерова магнитуда 3,4, во 8.09 часот со јачина од 2,7 степени, во 8.10 часот со јачина од 4,4 степени, во 8.11 часот со јачина од 3,6 степени и во 8.14 часот со јачина од 2,6 степени според Рихтер.

Можеби ќе ве интересира

СПАСЕТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ И ИМОТОТ – Вака куќата нема да се урне ниту во ЕПИЦЕНТАРОТ на ЗЕМЈОТРЕСОТ

M T

Силен земјотрес го погоди Чиле

M T

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Силен земјотрес меѓу Закинтос и Кефалонија

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се зголеми на 74 – Илјадници евакуирани, се трага по преживеани

M T