4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Богданка Кузеска: Лагите на Данела Арсовска се разобличени, в недела да се обединиме за Скопје да продолжи напред

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска одржа прес-конференција. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Кузеска:

„Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Јавноста ја дозна вистината за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Груевски, Данела Арсовска.

Сите нејзини лаги се целосно разобличени. Сѐ што сакаше да сокрие Арсовска излезе на виделина.

Објавените документи покажуваат дека Данела Арсовска ги излажа граѓаните, таа поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта.

Не е проблем тоа како се чувствува Арсовска, проблем е што ги гледа граѓаните во очи и ги лаже додека ја бара нивната доверба.

Ако Арсовска се крие и лаже за вакви работи, за што се друго лаже?

Овој нечесен, неодговорен однос е потценување на граѓаните и жителите на Скопје.

Ваквото однесување е одлика на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ чиј кадар и кандидат е и самата Данела Арсовска.

За таквиот нечесен однос Арсовска ќе го добие одговорот од граѓаните на изборите во недела.

Почитувани,

Скопјанки и скопјани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот.

Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, дека СДСМ е гарант дека градот и државата се на курсот на напредокот, на развојот, на интеграцијата и еднаквоста.

Во недела граѓаните ќе донесат одлука Скопје да продолжи по исправниот пат на развојот и напредокот со Петре Шилегов.

Во недела граѓаните ќе ги поразат остатоците од режимот поддржани од лажните левичари од Левица.

Од гласот на граѓаните в недела зависи и мнозинството во градскиот совет.

Ништо не е завршено, битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство.

Сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.

В недела обединувањето на демократските, прогресивните сили во Скопје, обединувањето на гласот за напредок ќе значи и пресврт во советот.

Почитувани граѓани,

Ајде да се обединиме сите, сите прогресивни и демократски сили, за Скопје да остане на вистинскиот пат, да продолжи рамномерниот развој на градот.

Да заокружиме 12 за Петре Шилегов, за СДСМ и коалицијата”.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нови 280 договори за поддршка со компании

M T

Богданка Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка и да се извини за лагите

M T

Богданка Кузеска: ВМРО ДПМНЕ и Данела без идеја и став, за Скопје нудат веќе реализирани проекти на Шилегов

M T

Богданка Кузеска: Црнила, лажни вести и деструкции се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе води позитивна кампања

M T

Богданка Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад протест на кој се навредуваа новинари

M T

Богданка Кузеска: Расте извозот, растат платите, економските политики на СДСМ се успешни и даваат резултати

M T