8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен осомничениот за пукањето во училиштето во Тексас

Американската полиција го уапси осомничениот за пукањето во средното училиште Тимбервју во Арлингтон, Тексас во кое беа повредени четири лица, јавуваат агенциите.

Помошник началникот на полицијата во Арлингтон, Кевин Колбје изјави дека полицијата утврдила дека пукањето избувнало за време на конфликт помеѓу ученикот и друго лице во училницата.

Тој го идентификуваше осомничениот како Тимоти Џeорџ Симпкинс, осумнаесетгодишен Афроамериканец, за кого полицијата верува дека побегнал од местото на настанот со автомобил.

Полицијата рече дека Симпкинс, во меѓувреме, бил приведен без инциденти и обвинет за повеќекратни дела за тешки напади со огнено оружје.

Кога се во прашање повредените, едно лице имало полесни повреди и одбило лекување, а три лица биле пренесени во локалната болница. Дел од локалните медиуми пренесуваат дека 15-годишната жртва е во критична состојба.

Полициската управа во Арлингтон соопшти дека повеќето ученици од училиштето биле пренесени во блискиот центар за изведувачки уметности од каде што ги земале нивните семејства.

Можеби ќе ве интересира

Расте бројот на починати мигранти во камион во Тексас

M T

Училиштето во Тексас каде се случи масакр ќе биде срушено

M T

Торнадо во Тексас – Повредени над 20 лица

M T

13-годишно момче во Тексас со камион уби девет лица

M T

На преминот Долно Блаце уапсен Албанец баран од Интерпол

M T

20 години бил во бегство поради убиство, а уапсен бидејќи не носел маска во продавница

M T